Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Недела на настани во Точка
 

Од понеделник (27.06) до петок (01.07) во културниот центар Точка ќе се одржи недела на културни настани. Поводот за одржување на оваа манифестација е три години од постоењето на култуниот центар Точка и две години од проектот на НВО Контрапункт Слевање на Маргините.

 



Почитувани,

Со големо задоволство би сакале да Ве информираме дека од понеделник (27.06) до петок (01.07) во културниот центар Точка ќе се одржи недела на културни настани. Поводот за одржување на оваа манифестација е три години од постоењето на култуниот центар Точка и две години од проектот на НВО Контрапункт Слевање на Маргините.

Во рамките на неделата на културни настани ќе се одржат неколку промоции на најновите изданија на издавачката куќа Темплум, промоција на најновиот 68 број на списанието Маргина, отворање на изложбата на македонскиот уметник Борис Шемов, промоција на музичкото ЦД на Оливер Петков, читање поезија, проекција на филм, како и промоција на проектот Градовите во Македонија, во чии рамки ќе биде претставена последната публикација за градот Велес.

За време на целата недела за сите љубители на книги во Точка ќе има голема летна распродажба на книги од издавачката куќа Темплум, како и постари и понови броеви на списанијата Маргина и Лифт. Книгите ќе бидат достапни по специјални намалени цени, а голем дел од нив ќе можат да се купат и групирани во 16 тематски пакети.

Ве повикуваме и Вие да бидете дел од оваа недела на културни настани!


ПРОГРАМА НА НАСТАНИТЕ

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |