Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



John Waters
режисер, сценарист, актер

 

<< назад кон веста

 

Роден 22.04.1946, Балтимор
Професија режисер, сценарист, глумец, продуцент, уредник, кинематографер
Земји САД
Жанрови комедија

Waters е роден во Балтимор во католичко семејство од висока средна класа. Отсекогаш го фасцинирало (поточно бил опседнат со) насилството. Тој тврди дека најголемата возбуда во неговото детство се случила кога открил засушена крв на смачканите остатоци од напуштен автомобил (тој исто така тврди дека користел двоглед за да гледа порно филмови кои се прикажувале во месното отворено кино).

За неговиот 17-ти роденден му била подарена 8 милиметарска камера. Не губејќи време Waters собира група на истомисленици – вклучувајќи го и неговиот дебел школски другар Harris Milstead, попознат како Divine – во трупа позната како Dreamland Players. За разлика од другите тинејџери аматери чии први филмови се состоеја од преексплоатираните Годзила филмови или статични кадри на играчката Војникот Џо, филмовите на Waters филмови беа прости, со лош вкус кој те тера на повраќање. Неговата единствена цел во животот беше да ја смачка секоја вредност на средната класа која им беше толку мила на неговите стегнати сограѓани од  Балтимор. Откако ќе ги завршел своите куси „ремек-дела“ (како Hag in a Black Leather Jacket и Eat Your Makeup!), Waters ги прикажувал во изнајмени црковни подруми.

Позајмувајќи 2.000 долари од татко му, Waters го прави својот прв долгометражен филм Mondo Trasho во 1969 – и беше уапсен на вечерта на премиерата поради „завера за извршување на непристојно прикажување“ (молам!?). Како и сите негови филмови, Mondo Trasho ја исмева сопствената навредливост иако е преполнет со неа. Во 1972 Waters се надминува себеси со неговиот полноќно ремек-дело Pink Flamingos (снимен за 10.000 долари), каде што верните Dreamland актери Divine, Mink Stole и David Lochary се натпреваруваат за титулата на „Највалканата личност на светот“. Филмот станува познат како еден од најодвратните филмови на сите времиња, како и безвремена култна класика.

Waters конечно навлегува во комерцијалните кина со Polyester (1981), со меин стрим актер (Tab Hunter). Режисерот потоа паузира шест години, пишувајќи духовити статии за списанија како National Lampoon и одржувајќи курсеви за филски хумор на затвореници. Тој се враќа со Hairspray во 1988, филм во стилот на 50-тите сместен во Балтимор кој, и покрај тврдењето на Waters дека се гордее со тоа што неговата работа „нема социјални вредности“, носи силна и добро артикулирана порака за расна толерантност (ѕвездата во филмот беше идниот водител на ток шоу Ricki Lake кој ја глуми ќерката на Divine).

Со исклучок на Mink Stole, поголемиот дел од трупата на Waters изчезнуваат од неговите подоцнежни филмови; на нивно место се појавуваат иконите на поп-културата како Johnny Depp, Pia Zadora, Deborah Harry, Troy Donahue, Iggy Pop, Sonny Bono, и дури и Patty Hearst. Режисерот успева здобие со доволно почит низ годините, така што во неговиот филм од 1994, Serial Mom главната улога ја толкува Kathleen Turner. Иако во споредба со неговите рани, најефтини филмови, овој има многу повисок буџет, филмот ја прикажува истата енергија на исмевање на неуредноста на класите. Неговиот следен филм од 1998, насловен Pecker, го турка понатаму во мејн стримот – или во најмала рака во почитуваните уметнички куќи насекаде. Филмот е прикажан на Филскиот фестивал во Торонто и добива врвни критики. Иако Waters продолжува да се облекува и однесува како потенцијален злоупотребувач на деца, успева да стане еден од ведечките граѓани на Балтимор.
 

ФИЛМОГРАФИЈА
ЗА ФИЛМОТ PINK FLAMINGOS

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |