Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Места и моменти, самостојна изложба на Дејан Колевски во Точка
 

Во петок, 20. 05. 2005 година, во 20:00 часот, во просториите на Културниот центар Точка  се отвори самостојната изложба на Дејан Колевски, насловена „Места и моменти“. Изложбата е дел од проектот Слевање на маргините на Контрапункт од Скопје.

 



Роден 13.07.1975 година, Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје. 1998 станува член на фото клубот Вардар, откога и започнува поинтензивно да се занимава со фотографија. Има објавувано фотографии во во повеше магазини и дневни весници, меѓу кои: Елфаско, Пулс, Арена и Утрински Весник. Има учествувано на повеќе групни изложби организизрани во рамки на манифестацијата Денови на македонската фотографија.

Неговиот професионален ангажман е поврзан со многу патувања, кои со помош на објективот ги документира и обрнува особено внимание на спецификите на средините во кои престојува. Притоа, ги бара скриените, не толку познати, локации кои го создаваат шармот на секоја урбана средина. Подеднакво се интересира за колор и црно белата фотографија.

 

 

 



 

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |