Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Изложба на фотографии насловена Дрвосечачи, на Александар Гроздановски
 

На 18. 04. 2005 година, во 20.00 часот, во просториите на Културен центар Точка, беше отворена изложба на фотографии насловена Дрвосечачи, на Александар Гроздановски.

 



Александар Гроздановски е роден во Битола 1976 година. Дипломирал на НАТФИЗ, во Софија, Р. Бугарија на отсекот за уметничка и применета фотографија. Учествувал на повеќе групни изложби и проекти во Македонија и Бугарија. Ова е негова трета самостојна изложба. “…Луѓе-машини?! Не, не станува збор за некакво футуристичко, industrial естетско доживување, туку за еден прецизен приказ на едноставни, маргинализирани ликови покрај своите машини. Методот на архивирање и изборот на нормална оптика за човечкото око ни ја дава потребната дистанца за објективно перцепирање на приказната која не се стреми да биде транспарентна и лесно читлива. Идејата е да се документира кусиот миг на пасивност и интимизирање на човекот и неговата машина, односот меѓу луѓето и машините кој е тивок, ненаметлив, дури и спокоен. Лицата на дрвосечачите одразуваат еден сосема обичен миг од нивната природна состојба, покрај машините. Овие фрагменти од секојдневието покрај битолските шини не претендираат да го портетираат сосоцијалното милје, ниту пак да вметнат некаква лирика во “читањето” на процесот. Авторот не ја затвора рамката, процесот е отворен… Тој ни дава триесетина парчиња изградени врз принципите на современата документарна фотографија…”

 

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |