|
Режисерката Софија Тодорова Теодор е на постдипломски студии на
Санктпетерсбуршката Академија на отсек телевизиска и филмска режија.
Тандемот Софија Тодорова Теодор и Петар Стојковиќ функционира од
нивниот прв проект, монодрамата МИЛИ ТАТКО од Франц Кафка, изведена
минатата сезона на малата сцена во Македонскиот Народен Театар.
Текстот Анастасиа е авторски првенец на Софија Тодорова Теодор. Со
него таа се обидува да проговори на повеќето општествено потиснати
стравови, табуа, меѓу кои е и прашањето на родовата и половата
сензитивност. Претставата го третира односот на машко женскиот принцип
поставен во битието и соочувањето со него.
|