Нада Прља - Агенција за сериозни интереси
На
27.12.2004 во Културниот центар Точка со почеток во 20.00
часот се отвора самостојната изложба Нада Прља, насловена
како Агенција за сериозни интерес . |
Нада Прља
(1971) е една од најзначајните македонски уметнички од поновата
генерација. Нејзиниот уметнички сензибилитет, кој е исткаен од
повеќезначноста на лирските нивоа на визуелизација од една страна, и
од прецизно дефинираната интелектуална реакција на политичкиот и
општетсвениот контекст, од друга страна, резултира во творештво кое
е комплексно, кое секогаш дава можност за различни "читања", и кое
секогаш изненадува и покрај силното и препознатливо авторско кредо.
Она што е значајно да се напомене е дека Нада Прља изврши огромно
влијание врз еден
бран во концептуалната промислување на уметноста во
Македонија во изминативе години.
Нада Прља
дипломираше на ФЛУ отсек графика во 1997 година. Во 1998 година
заминува за Лондон
каде што докторира
на Кралскиот колеџ за уметност, на отсекот за визуелна комуникација.
Од тогаш па до денес живее и работи во Лондон
.
Последната
изложба што Нада Прља ја имаше во Скопје
беше храбриот
концептуален проект изведен во Заводот за рехабилитација во Козле,
во 1997 година, насловен како Одење по вода според др.
Knaipp
.
Инаку, во
Лондон
до сега учествувала на
четири изложби. Она што го работи во последно време за фокусен
интерес го има личниот идентитет. Со оваа тема врзани се неколку
нејзини нови проекти кои се во подготовка, а меѓу кои е и
изработката на уметничката книга насловена како Менливи факти.
Во ова свое дело Прља врз примерот на развојниот процес на животната
приказан на Осама Бин Ладен ги испитува можностите за променливоста
на идентитетот и на животните факти под влијание на општествените
закони и правила на игра.
Вечерашната изложба е всушност враќање на Нада Прља на македонската
ликовна сцена после подолг период. Таа, воедно, е и врзувачко ткиво
помеѓу нејзиното лондонско и македонско
чувствување на светот и на актуелната стварност. Со вечерашнава
изложба, Агенција за сериозни интереси, Нада Прља
концептуално ја ре-истражува содржината што ја имаат дневните
весници. Таа ја искажува својата загриженост за светот, правејќи
паралела меѓу весниците во Лондон, (во разработката на Весникот
"Метро") и оние во Скопје. Изложбата се состои од три коцептуални
фази наречени "агенции": агенција за дневни новости, агенција за
комерцијализација и агенција за дружење и контакти.
Секоја од
нив разработува различни идеи. Првата, ги обработува написите од
весникот кои се однесуваат на негативните случувања и репортажи
објавени во еден ден
. Авторката
применува постапка на цензура при што од весникот физички ги брише
сите написи освен оние што упатуваат на негативните настани.
Втората, "агенција за комерцијализација"
, укажува на
агресивното количество на комерцијалните реклами објавувани во
дневните весници. Авторката повторно сака да го потенцира атакот и
количеството на рекламите на тој начин што интервенира на сите места
каде што во весникот биле вметнати
агресивните рекламни слики и информации.
Третата,
"агенција за дружење и контакти" ја враќа поезијата во загрижувачки
формалната концепција на огласите за "лични контакти" во скопските
весници.
|