промоцијата на деби албумот на Срѓан Јаниќијевиќ
На 4.
11. 2004 (четврток) во 12. 00 часот во просториите на
Културниот центра Точка ќе се одржи прес конференцијата и
промоцијата на деби албумот на Срѓан Јаниќијевиќ, кој излезе
во рамките на најновиот број на Списанието Маргина.
Пошироката и неформална веселба и промоција ќе бидат одржани
истот ден во 21. 30 часот во Културниот центра Точка. Освен
Цд-то насловено Гоод Олд Фасхионед, ќе има промоција и на
две бонус видеа во авторство на Јаниќијевиќ. |
Good
Old Fashioned
е името на авторскиот аудио проект на Срѓан Јаниќијевиќ кој излезе
како додаток на новиот број на списанието Маргина. Деби ЦД-то
на Срѓан Јаниќијевиќ е вистинска радост за веќе подолго време
зачмаената музичка сцена. Станува збор за хибридна творба која би се
каратктеризирала како
electro-ambient-tech-dub-postpunk-housie-80's pop.
Песните поместени на ЦД-то се всушност само дел од обемниот
материјал што Јаниќијевиќ го изработи во периодот од
1999 до 2003 година.
Гоод Олд
Фасхионед е целосно авторски проект на кој се поместени 10 песни
(како вокали на едната од нив настапуваат Надежда Петровска и Арна
Шијак) и две бонус видеа, во авторство на Јаниќијевиќ за песните
Првата година наша и
Rally.
Роботек го дотера да звучи добро (соунд енгинер и мастеринг).
Срѓан Јаниќиевиќ, може да се каже, дека е еден од најпровокативните
и најкомплексните автори кај нас, кој својот уметнички сензибилитет
го испитува во областа театарот, филот, телевизијата, видеото,
анимациите, дизајнот, фотографијата, во музиката и во литературата,
и тоа секогаш снажно поврзувајќи го својот израз со "отпор" и
проблематизирање на малограѓанските и табуизирани општествени
модели. Освен како режисер, интересно е да се напомене дека
Јаниќијевиќ има и неколку одлични актерски остварувања.
Инаку,
Срѓан Јаниќиевиќ има долгогодишно музичко искуство. Како бас
гитарист бил дел од групите Борхес и Вел Викторија. Еден од првите
позначајни музички самостојни проекти, заедно со Оливер Димитров, е
Ниночка. Подолг период настапува и како Дј под името Его
ТРИП.
Како позначајни театарски проекти во режија на Јаниќиевиќ ги
издвојуваме: Принцезата и зрното грашок,
Shoping and Fucking,
Цензор, Павиљони, Ослободување на Скопје.
|