Дебата
"Важноста на меѓурелигискиот дијалог во кризни времиња"
На
12
октомври
(вторник),
во
19.00
часот,
во просториите на Културниот центар Точка ќе се одржи дебата
на тема
"Важноста
на меѓурелигискиот дијалог во кризни времиња".
Дебатата ќе ја модерира Слободанка Марковска,
професорка на Философскиот факултет. |
Во
дебатата ќе учествуваат угледни меѓународни професори:
Проф.
Џејмс
Пејтон,
од
Редмир Колеџот,
Онтарио,
Канада;
Отец
Питер Бактис,
православен свештеник од Јужна Каролина,
САД,
и Проф.
Махмут
Ајдин,
Ондокуз Мајис Универзитетот од Самсун,
Турција.
Воведничари ќе бидат Леонард Свидлер и Пол Мозес,
автори
на книгата
"Студија
за религијата во доба на глобален дијалог",
што во
издание на
"Темплум"
ќе се
појави до крајот на
2004.
Учесник од Македонија ќе биде Отец Методиј Златанов.
На
дебатата ќе се проговори за дијалогот и глобалната етика,
нивното поврзување и осветлување преку религијата.
Религијата е во основата на сите цивилизации,
затоа
не може да се разбере која било специфична култура или историја,
ако не
се сфати религијата.
Во
новите времиња во кои човечката свест се развива:
Добата
на Глобален Дијалог,
се
јавува една радикално нова свест што фундаментално ги поместува
начините на кои ние ги согледуваме нештата во нашиот живот,
вклучително и религијата.
Овој
глобален дијалошки начин на разбирање на животот не води кон една
глобална религија туку кон еден општо свесно усвоен низ на етички
принципи,
една
Глобална Етика.
|