Почеток на
новата сезона во Културниот центар Точка
КОНЦЕРТНИ
ФОТОГРАФИИ
Во
вторник 07.09.2004 година, во 20:30 часот, во просториите на
Културниот центар Точка во Скопје, ќе се отвори изложбата на
фотографии на Влатко Чачоровски - Чоле, насловена
"Концертни портрети". |
Влатко Чачоровски -
Чоле е роден 1978 година во Скопје. Со фотографија започнува да се
занимава од седумнаесеттата година. Почетни ангажмани добива во
месечникот Град, потоа Урбан магазин, Македонија денес, Денес, Пет,
Шоу Тајм и многу други поединечно објавувани фотографии. Моментално
е вонреден студент на Институтот за археологија при Филозофкиот
факултет на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Љубовта
кон музиката, а воедно и кон фотографијата резултираше со постојано
документирање на музичките настани, притоа преточувајќи ги во
уметнички форми.
"Концертни портрети" е прва самостојна изложба на Влатко Чачоровски
- Чоле. Фотографиите од оваа изложба се дел од еден циклус, а ќе
бидат претставени 42 колор фотографии.

Изложбата ќе биде отворена до 21.092004 година. |