Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Разговор со авторите Никола Гелевски и Дејан Јовиќ


Би сакале да Ве известиме дека во среда (23 јуни) со почеток во 20.00 часот во просториите на културниот центар Точка ќе се одржи разговор со авторите на книгите Контрапункт 2001-2004; Принципи за една поинаква политика и Причините за распаѓањето на СФРЈ, Никола Гелевски и Дејан Јовиќ. Објавувањето на двете книги во едицијата 20/21 век е главна причина за организирањето на оваа дискусија. Овој настан е ретка прилика кај нас да се чуе мислењето на еден од најцитираните и најконтроверзните автори последниве години во Европа и во Светот, и воедно, да се сопостави истото на мислењето на еден од нашите најпровокативни автори кога станува збор за маркирањето на јавната и политичката сфера, Никола Гелевски.

Модератор на разговорот ќе биде Жидас Даскаловски.

Книгата Контрапункт 2001-2004; Принципи за една поинаква политика претставува збир од колумните што авторот ги објавува во дневниот весник Утрински весник. Во предговорот на својата книга Никола Гелевски ќе напише: "Среде инфлацијата од колумнисти кои мошне лесно ја сфатија улогата на „јавен интелектуалец” (која неколкумина од нив ја сведоа на најниски можни гранки, деградирајќи го не само жанрот колумна туку и целиот македонски јавен простор), решив да изберам еден посериозен и, според мене, поодговорен пристап кон јавната работа, пристап во кој ќе има дури и нота на едукативност, но едукативност наменета токму за кобајаги „едуцираните”, луѓето од македонскиот естаблишмент сфатен во најширока смисла.

Со научнопопуларен стил, со употреба на архивски извори и историска граѓа, со користење на цитати од главните актери на "југословенската драма", Дејан Јовиќ на читателите им ги образложува идеолошките, економските, етничките, културните и правните причини поради кои Југославија како идеократска творба - изумре. Објавувањето на книгата Причините за распаѓањето на СФРЈ во културниот простор на поранешна Југославија предизвика многу полемики и спротиставени мислења. Дејан Јовиќ е доктор по политички науки и универзитетски професор во Велика Британија.
 

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |