“ШТО НАПРАВИВМЕ ЗА ДА ГО ЗАСЛУЖИМЕ ОВА”
На 3 јуни 2004 година во Културниот центар ТОЧКА се
промовираше
документарниот филм “ШТО НАПРАВИВМЕ ЗА ДА ГО ЗАСЛУЖИМЕ
ОВА” - политички поучна ТВ серија од три епизоди. |
Првиот дел од трилогијата е насловен “Оптимисти” и започнува
со евраејската клетва “да не ти даде господа да живееш во
интересни времиња” и го обработува периодот од почетоците на
македонската независност, па се до крајот на првата експертска Влада
на Академик Никола Кљусев.
Вториот дел е насловен “Години на изгубена надеж” со интро на
Бранко Ц. дека “со ситни души не се прави држава” и се
однесува на периодот од 1993 година, од првата политичка Влада на
премиерот Црвенковски, па се до контроверзната 2001 година,.
Насловот на третиот дел е “Дали транзицијата има крај?” и
зборува за различните аспекти на реформските процеси што веќе се
случија, како и за оние што допрва треба да се спроведат. Покрај
тоа, во овој дел се приложуваат и погледи на нашите интеграциони
европски и евроатлантски аспирации.
Во серијата учествуваат познати јавни личности, новинари,
универзитетски професори, експерти и Перо Камиказа со својата лична
приказна како метафора на македонската транзиција.
Промотор на документарниот серијал беше
проф. Д-р. Ѓорѓе Иванов.
|