Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Кралица без Кралство
модна ревија во Точка


 

На 13.05.2004. во Културниот центар Точка ќе се одржи модната ревија Кралица без Кралство, групен проект инициран од Данијела Симоновска.


Кралица без Кралство е групен проект инициран од Данијела Симоновска,  Моден Дизајнер со завршени Модни студии на Универзитетот во Загреб, Хрватска, Главен Моден Дизајнер во Модната Куќа Систина се до   нејзиното затварање, денес активен Фрееланце Дизајнер, Костимограф и Стилист истражувајки и афирмирајки на тој начин една сеуште нова сфера на визуелното комуницирање во македонското општество.

Како дел од новата програма на Министерството за Култура проектот претставува прв пример на новиот третман на Модниот Дизајн на ова ниво во Р. Македонија и како таков третира повеќе деликатни теми кои директно ја одсликуваат моменталната состојба на Модниот Дизајн во Македонија. Оттука афирмацијата  на Модниот Дизајн како
современ уметнички израз и негово издигање и позиционирање во македонското општество на ниво достојно на неговата комплексност  со посредство на неговиот кохерентен и двигателски инструмент - модна ревија, комплетно аспектирана  и презентирана во центар кои ги третита современите уметнички текови во  општеството е базична идеа на проектот. Од друга страна со примената на SCOUTING SYSTEM избор на моделки ( препознавање и ангажирање на "улични хероини") се избегнува и потиснува монополот и непрофесионализмот на Модните Агенции кои делуваат во Македонија.

Што се однесува за проектот, тој е осмислен како сценски - аудио перформанс кој се одвива етапно, односно веднаш по модната презентација во Културниот Центар Точка во Скопје (13 Мај 2004) посетителите ке можат да проследат и моден хепенинг- фото сесија на платото пред Владата на Р.Македонија, се со цел да и тој  простор конечно добие друга димензија и воедно да се анимира. Фотографиите и видеото од овој хепенинг подоцна ќе бидат презентирани како дел од групна изложба, а пак дел од моделите ке бидат презентирани на Модната Недела- МЕДМОДА на  Сицилија каде што колекцијата официјално ќе ја отвори оваа модна манифестација. 

Колекцијата ја третира македонската жена гледана низ вековите, ја препознава како Кралица без Кралство , за повторно да  се врати во сегашноста, препознавајки ги  и современите македонски жени како жени кои го препознаваат ,градат и утврдуваат внатрешното- спиритуално кралство,кралство примарно ослободено од сите стеги на етничките, територијални,  политички и идеолошки репресии.

Учесници во проектот :
Данијела  СИМОНОВСКА - МОДЕН ДИЗАЈНЕР
Бурим  МУСЛИУ - АСИСТЕНТ ДИЗАЈНЕР и Back-stage координатор
Гордана  ВРЕНЦОСКА - Make -up
Јосип  ЕРБЕЖНИК - Hear Styling
Мирко  ПОПОВ - МУЗИЧАР
Синиша ЕФТИМОВ - МУЗИЧАР
Моделки -
Street Heroins Models


CURRICULUM VITAE

ПОДАТОЦИ
Име: Данијела          
Презиме: Симоновска
Дата на раѓање: 29 Декември 1973
Место на раѓање: Скопје
Адреса: Ѓорѓи Сугаре 2 / 2/ 31 1000 Скопје
Телефон: 02 2778 615  070 741 251
Е-маил:  qwk@lycos.co.uk

ЕДУКАЦИЈА  
2002-
Универзитет во Загреб, Текстилно Технолошки Факултет
Дизајн на текстил и облека 
1992- Училиште а применети уметности "Лазар Личеноски" ,Скопје
Модно Креирање

ГРАНТОВИ И СТИПЕНДИИ
2004- Италијанска трговска комора, Скопје
Грант за  настап на МЕДМОДА, Сицилија 
2004-
Министерство за Култура на Р.Македонија
Грант за авторскиот проект "Кралица без кралство"
1999-2000 - Фондација Благовестие, Скопје
Стипендија за талентирани студенти во странство
1998-1999 - СОРОС Отворено Општество, Скопје
Стипендија за македонски студенти во странство

1996-1999 -
Министистерство за образование на Р.Македонија
Стипендија за студенти од интерес на Р.Македонија 

ВРАБОТУВАЊЕ
2000-2002 - СИСТИНА, Скопје
Главен
Моден Дизајнер 
1999-2000 -
ОРКА, Скопје
Главен Моден Дизајнер

ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ  ПРЕЗЕНТАЦИИ
2001- ЕАСТ ОН ЦАТЊАЛК ФЕСТИВАЛ , Букурешт,  Романија
Модна ревиа во зградата на Парламентот на Романиа
Колекција
Black & White
2001- ВЕНЕЦИСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ
Гала отварање во Лидо, Венеција, Италија
Дизајн на вечерна тоалета и стајлинг за Николина Кујача, Актерка 
во филмот "Прашина" на Милчо Манчевски 
2000- FASHION WEEK, Hyatt Regency, Белград, Југославија
Модна ревија "Наместо Новогодишна честитка"
  
2000-
WORLD PIANO COMPETITION
Royal Festival Hall, Лондон, Англија
Смокинг дизајн и стајлинг за Симон Трпчевски, Пијанист

ДОМАШНИ МОДНИ РЕВИИ
2001- СИСТИНА Пролет-Лето 2001  
Александар Палас, Скопје
 
2000-
СИСТИНА Есен-Зима 2000-01
Александар Палас, Скопје

ПРОФЕСИОНАЛНИ КОЛЕКЦИИ
2004- Кралица без кралство
2002- Колекција Пролет-Лето 02
2001- Колекција Black & White
2001- Колекција Есен-Зима 01-02
2001- Колекција Пролет-Лето 01
2001- Теенаге Колекција
2000- Новогодишна Колекција
2000- Колекција Есен-Зима 00-01

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |