видео проекции од Ирена Паскали во Точка
од четврток 06. 05.- 14.05. 2004 година, во просториите на
Културниот центар Точка ќе се одржуваат проекции на видео
остварувања на Ирена Паскали. Проекциите ќе се одржуваат
секој ден (освен недела) со почеток во 12.00; 15.00 и 18.00
часот. |
Ирена Паскали е родена 1969 година во Охрид. Во 1995 година
дипломирала на Природно-математичкиот Факултет во Скопје. Во 2000
година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, во класата на
проф. Станко Павлески. Зад себе има 13 самостојни изложби (во
Скопје, Васа/Финска, Вајмар/Германија, Белград/Србија и Црна Гора,
Мостар/Босна и Херцеговина, Софија/Бугарија). Учествувала на голем
број групни изложби, фестивали и студиски престои во земјава и во
странство. Добитник е на наградите:
Gipuzkoa
(Шпанија),
Di-Da web
(2001); Кичево, Прва награда за експериментален филм на 32. Државен
фестивал на непрофесионален филм (2003); Скопје, Награда на 6.
Биенале на млади, МСУ (2003); Лондон (Англија),
"Halowen Film Festival",
Институт за современа уметност, кратки филмови на тема
"The
derellict Sensation" 3rd Pangaea Award.
На
видеопроекциите ќе бидат претставени 12 видео остварувања,
реализирани во изминативе 5 години:
Das Ich
(1999/2000); Тетраграматон (2000); Еден ден, еден живот (2001);
Помеѓу (2001);
Gen...genesis
(2001); Гнездо (2000/2001);
When...
fuck the pigeons
(2001);
WC
(2001); На пат кон/од Македонија (2002); Посветено на Ера
Миливојевиќ (2002); На ова дно (2003); Што е уметноста за тебе?
(2003). |