изложба на фотографии
"Откривање на културното наследство на Ромите"
Во среда 05. 05. 2004 година, во 20:00 часот, во просториите
на Културниот центар Точка се отвори изложба на фотографии
под наслов "Откривање на културното наследство на Ромите".
|
Изложбата е организирана од страна на асоцијациите Оскура и С.Д.
Пеони, а координатори се Дивна Жежовска, Владимир Мирчевски и
Елизабет Таунс. Реализацијата на изложбата е помогната од Фондација
Институт отворено општество - Македонија (ФИИОМ), Министерството за
култура на Македонија и Француски културен центар.
Од јули до октомври 2003 година, триесетина млади жители на Шутка
учествуваа во колективната фотографска работилница со камера Оскура
(едноставна лимена кутија со мало дупче). Учесниците во овој дел од
градот, населен воглавно со ромска популација, придружени од тројца
инструктори по фотографија, направија едно место на фотографска
авантура за време на која што птиците понекогаш им служеа и ги
водеа... Оваа колективна работилница е дел од поголем македонско -
француски проект "Скопје, град на уметност и историја" чија основна
цел е ревитализирање на историското, културно и живо наследство во
Македонија. (од каталогот)
Фотографиите направени на оваа работилница претходно беа прикажани
2003 година како подвижна изложба во автобус број 20, на локации во
центарот на Скопје. |