|
Прослава на
десетгодишнината од основањето на Друштвото на независни писатели
|
На 09.04.2004. (петок) во
20.00 часот во просториите на културниот центар Точка
ќе се одбележи десетгодишнината од основачкото собрание на
Друштвото на независни писатели на Македонија. |
На прославата ќе биде промовиран новиот 51 број на
"Наше писмо", списанието на Друштвото на независни писатели, а ќе
присуствуваат и членовите на друштвото: Елизабета Шелева, Александар
Прокопиев, Коле Чашуле, Данило Коцевски, Игор Исаковски и др. Од
својот 50-ти број списанието излегува во нов магазински формат,
подобрен графички дизајн и на поквалитетна хартија.
Во 51-от број на "Наше писмо" со најнови прозни остварувања се
претставени Александар Прокопиев и Михаил Ренџов. Обајвена е поезија
од младиот скопски автор Јовица Ивановски, суфи (дервишка) поезија
од 13 век. За Крсте Петков Мисирков пишуваат Елизабета Шелева и
Виолета Миронска - Христовска. Од странските автори со есеи се
застапени Алеш Дебељак и неодамна починатиот Едвард Саид, кој пишува
за "Ориентализмот 25 години подоцна". Од домашните автори објавена е
студија од Иван Додовски, а Елизабета Шелева пишува за филмот
"Догвил" на Ларс фон Трир. |