Иван Најденовски
изложба
на графики
"Во потрага по вистината"
На 06.04.2004. (вторник) во 20.00 часот во просториите на
културниот центар Точка се отвора прва самостојна
изложба на
Иван Најденовски
со
наслов -"Во потрага по вистината" |
биографија-
Иван Најденовски
од рецензијата на Елена Велјановска...
Иван Најденовски работи во сите графички техники,
постојано
експериментира и открива нови ефекти.
Една од
неговите поинтересни техники е употребата на мек лак при што користи
лисја и ткаенини со различна фактура,
од кои при
печатење останува нивната текстура.
Експериментира и
со хемиски материјали за да добие поразновидни површини.
Ова е негова прва самостојна изложба.
На изложбата се поместени два поголеми циклуси - дипломската и
магистерската работа, како и други дела кои ги работи во меѓувреме.
Дипломската работа носи наслов Симболи на универзумот и е
составена од три засебни целини. Секоја од нив претставува по една
геометриска форма обележана со печатот на неговата лична асоцијација
и претставена со слика. Кругот го означува бесконечното движење,
триаголникот - човекот и неговите три состојби - физичката,
интелектуалната и духовната кои се претставени на аглите од знакот,
а квадратот, пак, ги претставува четирите елементи: оган, земја,
воздух и вода. Трите форми заедно го претставуваат човекот како
врска меѓу светот и универзумот. Симболиката карактеристична за
христијанската религија, е резултат на неговото истражување на
византиската уметност.
Вториот дел од изложбата е, всушност неговата магистерска работа
наречена Живот во која трага по вистината, љубовта и
слободата за кои смета дека се неопходни за остварување на
невозможното. Низ приказна се обидува да ги прикаже зачетокот на
животот и борбата за опстанок. Тој во неговите слики го поистоветува
човекот со полжавот, кој со себе ги носи и маките и радостите, и
единствено самиот ги создава и решава своите проблеми. Досегашното
негово искуство е инспирација за овој циклус. Негова главна
преокупација е да се истражува себеси, светот околу себе, односите
што луѓето ги воспоставуваат со нештата, и кон нештата. Ја презира
преокупираноста со материјалното за сметка на духовното. Дејствието
се одвива во надреален простор со меланхолична атмосфера, скалила на
кои не им се знае почетокот и крајот, градејќи извртена перспектива.
Најголем акцент
става на бесконечното движење симболично претставено со спирала што
всушност го прикажува човековиот пат кон длабочините на душата.
Во овој дел
повеќе се чувствува неговиот личен печат,
тој е позрел,
технички
понапреден,
визуелно појасен.
Во меѓувреме
работи дела што се поместени во третиот дел на изложбата.
Тоа се
претстави на актови во кои како основни изразни средства се јавуваат
цртежот и линијата кои авторот се обидува да ги адаптира со различни
техники.
Во последно време се занимава и со рачно правење хартија.
биографија-
Иван Најденовски
Иван
Најденовски
Роден е
1978
година во Скопје,
Република Македонија.
1997
година Завршил
Училиште за
применета уметност
- отсек графика,
во Скопје.
Учествува на
сите училишни изложби.
1997-2001
година
дипломирал на Националната ликовна академија во Софија
-
Р.Бугарија.
2001-2003
година магистрира на Националната академија во Софија
-
Р.
Бугарија
Самостојни
изложби:
2004
Културен центар
Точка -
Скопје
Групни
изложби:
2003 -
Четврто меѓународно
графичко триенале
- Битола
2003
- Меѓународна
годишна изложба графика
-
мал формат галерија
Лесседра -
Софија
2003
-
Групна изложба на
класата на проф.
Здравко
Стојанов во Балчик
- Р.Бугарија
2002
-Меѓународна
годишна изложба графика
-
мал формат галерија
Лесседра -
Софија
1998
-
Учествува на колонија посветена на
50
годишнината од сеопштата декларација за човековите
права во с.
Синеморец
-
Р.
Бугарија.
Добива награда од спонзорот. |