Филмаџии кои ветуваат
На 05.04.2004. (понеделник) во 20.00 часот во просториите
на културниот центар Точка се промовира каталогот
"Филмаџии кои ветуваат", посветен на младите филмски
работници од Македонија, во продукција на Филмската младина
на Македонија. |
Да се направи селекција на најперспективните и
најквалитетните млади „филмаџии" во една држава е многу неблагодарна
работа. Секогаш постои можност да се погреши во изборот. Затоа овој
проект е работен во консултација и со разговори со многу филмски
работници, кои се веќе докажани и афирмирани во нашата средина. При
изборот, покрај возраста, најпресудни беа оценките за досегашнага
работа, како и про-ценките за можниот уметнички потенцијал на овие
млади луѓе.
Во својата дваесетгодишна професионална работа во афирмација на
филмската култура помеѓу младите луѓе, посебно преку безбројните
контакти и работата со млади филмски професионалци, се уверив дека
ова наше поднебје "раѓа" извонредни филмски галенти. На сите нив им
треба само малку повеќе да им се помогне за нивниот талент да дојде
до полн израз. Тоа е обврска на нашата држава, како и на сите
искусни и докажани "филмаџии"од нашата средина.
Мое длабоко убедување е дека овие млади филмски професионалци
потполно заслужено си го обезбедија местото во оваа селекција, а
исто така верувам дека во најблиска иднина ќе бидеме сведоци на
нивни големи осгварувања и целосна меѓународна афирмација.
Тие сигурно ќе бидат најдобрите амбасадори на нашата култура и
држава во светот.
Се разбира дека оваа листа на „привилегирани" ќе остане отворена за
сите оние кои можеби незаслужено не се во неа и за оние кои допрва
доаѓаат. Тоа сигурно ќе зависи од нивната идна работа и резултати.
Убеден сум дека на македонското филмско небо набрзо ќе светнат нови
филмски таленти и автори.
Авторот на проектот: Блаже Миновски - Гроф |