Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Промоција на 2 книги од издавачката куќа "Алеф"

На 10 март во 20 часот во Културен центар ТОЧКА издавачките куќи АЛЕФ и ЕИН-СОФ ќе ја промовираат својата едицијата Контакт - со изданијата Сајберсвет, политика на најлошото од францускиот есеист и урбанист Пол Вирилио и Историја на теориите на теориите на комуникација од француските автори Арман и Мишел Мателар.
Промотори на книгите ќе бидат проф. д-р Дона
Колар Панов, проф. д-р. Димитар Пандев и Петар Волнаровски.


Книгата “Сајберсвет, политика на најлошото” е интригантно интервју со авторот Пол Вирилио, референтна фигура на француската современа мисла и промислувач на новото време. Критикувајќи ги техниката и брзината што стануваат закана, авторот потенцира дека само критиката може да ја развие техничката култура.
Книгата “Историја на теориите на комуникација” е теоретско дело на Арман и Мишел Мателар наменето за студентите но и за сите оние кои се занимаваат со испитување на комуникацијата како дисциплина.
Авторите хронолошки го третират поимот на комуникацијата уште од пронајдокот на основните технички системи на комуникацијата (XIX век) со што се формира претставата дека таа е фактор кој ќе овоможи интеграција на човекот во општеството. Комуникацијата, наметнувајќи се како извонреден составен дел од развојот на човештвото, игра клучна улога во оформувањето на општествениот организам се до моментот кога треба да се запрашаме која е нејзината иднина.

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |