изложба
Методи Ангелов, "Ако
не би било"
Во
вторник 09. 03. 2004 година, во 20:00
часот, во просториите на
Културниот центар Точка ќе се
отвори магистерската изложбата
на Методи Ангелов, насловена "Ако
не би било". |
Методи
Ангелов
е роден
1977 година
во Неготино.
Во 2000 година
дипломирала
на Факултетот
за ликовни
уметности
во Скопје,
на сликарскиот
отсек.
Се занимава
со интернет
проекти,
web уметност
и дизајн.
Идејата на
изложбата се развива околу
функцијата на уметноста како
средство за исполнување на
апстрактните принципи (фантазми,
желби, убаво...), т.е. потреби, на еден
субјект кој болува од детска
парализа (полиомѕелитис). На оваа
етичка димензија на проектот се
надоврзува и социјалниот момент,
односно пренесување порака од лица
со посебни потреби на останатите во
општеството.
Медиумот што го користи Методи како
почеток на пренесување порака е
аналогната фотографија. Конечната
цел - дигитална реконструкција на
стварната материјалност, виртуелна
претстава или метафора која
претставува состојба на "ако не би
било# - е реализирана преку повеќе
начини: по пат на дигитализирање на
сликата, дигитална реконструкција
според постоечката физиономија на
субјектот, дигитално анатомска
реконструкција... Можностите, сепак,
се неограничени.
(од
текстот
на Маја
Чанкуловска)
|