Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Изложба - Марија Николоска Наневска

На 19 февруари во 19 часот во културниот центар Точка ќе се отвори третата самостојна изложба на младата авторка Марија Николоска Наневска.

Марија Николоска Наневска

Родена е 1975 година во Скопје. Во 2000 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 2002 година магистрира на истиот факулет. Живее и работи во Скопје.

Самостојни изложби:
2002 Скопје, Струмица
2003 Велес

Адреса: Фуштанска 33-б, Скопје
тел.: ++389(0)2 2525731
моб.: ++389(0)70 703437
е-маил: mnikoloska@netscape.net






од рецензијата на Маја Чанкуловска

... Анализата на најенергичните човечки чувства - љубов и омраза - заедно со антагонистичките "состојби" кои произлегуваат од нив (его-совест, лага-вистина), како и обидот тие да се визуелизираат, се круцијални елементи во најновиот проект Be the Death of Me на Марија Николовска Наневска.
Проектот се состои од шест целини - два дела (кругови) кои го поврзуваат просторот помеѓу останатите четири целини составени од 400 "скици" со мали димензии (изработени во техника лавиран туш) и поставени на ѕид во форма на спирала. Секоја спирала одразува едно емоција или состојба, симболично искажани преку различни варијации на еден елемент.
Според авторката, "целиот проект функционира на ниво на спротивности и преоди помеѓу нив", без оценување на прикажаните чувства како крајно позитивни или крајно негативни. Во проектот се инсистира на интимноста во прикажувањето на идејата и на нагласената симболика - контрастите црно-бело, позитивно-негативно, спирали и кругови, кои означуваат почеток-крај, вечно движење, бесконечност. Смртта во овој случај фаталистички не е дефинирана како крај; таа е само преобразба, премин од една одредена состојба на постоење во друга.

Маја Чанкуловска

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |