Промоцијата
на спотот и песната
"Сон" на бендот Дина
Во
Културниот центар Точка, на 03.02.2004., за
претставниците на медимитеќе се
одржи промоцијата на спотот и
песната
"Сон" на бендот Дина. Бендот Дина
постои од декември 2002 година и во неа
членуваат:
Далиборка
Тодоровска и Филип Јаневски. Во текот
на 2003 година работат на својот
музички материјал, како и на
формирање и изградба на звукот, кој е
базиран на живи и електронски
инструменти. Во моментов тие ја завршија
својата прва песна со наслов "Сон",
за која се сними и видео запис. Во
снимањето на песната, освен
членовите, учествуваа и музичарите:
Владимир Икономов (тапани), Доријан
Јовановиќ (бас гитара) и Дејан
Теодосиевски (чело). Видео записот беше
снимен во копродукција помеѓу Арт
Улица бр.26 и Профундус. Режисер на
спотот е Бојан Трифуновски, снимател
Диме Попов и монтажер Ристо
Ставревски.
|