Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Огледало за загатката од Владимир Јанковски

На 13.11.2003. во Точка се одржа промоција на книгата Огледало за загатката од Владимир Јанковски - разговори со Влада Урошевиќ, во издание на Сигмапрес



Деновиве, издавачката куќа Сигмапрес ја објави книгата на Владимир Јанковски Огледало за загатката - разговори со Влада Урошевиќ.

Книгата, заснована врз жанрот "разговор" е конципирана како своевиден преглед на творештвото и идеите на современиот македонски писател Влада Урошевиќ. Таа функционира на две основни нивоа: како согледување на авторот на сопственото творештво и личен поглед на периодот од македонската книжевност во кој тој пишува и живее. Своевидно надополнување на текстот нудат околу четириесеттина фотографиите кои истовремено се и документаристички приказ на авторот, но и на некои други важни автори од историјата на македонската книжевност.

За оваа книга, проф. д-р Јадранка Владова ќе каже: "Влада Урошевиќ, секогаш благороден соговорник, во оваа книга одговара на прашањата на Владимир Јанковски кој е компетентен и информиран соговорник што умее да формулира кардинални прашања, но и луцидно да потпраша, поттикнат од текот на одговорот. Шармот на оваа книга е генерациската разлика меѓу соговорниците. Прашањата на Јанковски имплицитно со држат афирмација на творештвото на Влада Урошевиќ кој никогаш не отстапил од својата поетика - дури и во времињата кога тоа било 'вообичаено и подразбирливо поради околностите'".

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |