12.11.2003
изложба од Трет меѓународен
концептуален проект: Македонија/Холандија,
во организација на Елементи,
Битола
Поставката
од неколку дела на осум македонски и
холандски уметници (како втор дел од
Третиот меѓународен концептуален
проект ИФ ) беше во неколку простории
на Завод, Музеј и Галерија - Битола, во
октомври 2003 година, а потоа беше
пренесен во Културниот Центар Точка. |
ТРЕТ
МЕЃУНАРОДЕН КОНЦЕПТУАЛЕН ПРОЕКТ ИФ 2
Некои од делата
беа пред самото поставување веќе
смислени и реализирани ( Charles
Citron, Исијанин & Исијанин, Theo
Schepens), со тоа што крајниот
изглед го добија секако поставувајќи
се во новиот простор од 500 м.2 што
овозможи избор од бескрајни
комбинации диктирани како од самиот
простор така и од меѓусебната
комуникација на учесниците. Некои
беа прилагодени на новиот концепт (Мирна
Арсовска, Елизабета Аврамовска, Robert
Duyf), додека делото на Elena
Beelaerts беше целосно создадено и
го доби својот изглед во целосна
зависност од понудениот простор и
совршено се имплементира во
музејскиот ходник со антички статуи.
Сите на свој начин поединечно, но и
заедно, ја изразија основната идеја
на кураторот Билјана П. Исијанин да
претставуваат игра со бескрајните
можности, или поточно , да го
дефинираат оној меѓупростор каде
нема место за крајна цел, колку и да е
упорноста голема, туку напротив,
претставувајЌи ја постојаната
упорност да се добие нешто не заради
самата добивка туку поради самата
игра - АКО (ИФ) како бескрајно
третирање на сите настани и случки
кои може да се случат после овој
изречен збор.
ELENA
BEELAERTS -
Родена 1971 во Холандија. Дипломирал на
Akademie
van Beelende Kunsten во Ротердам.
Излагала во Лос Анџелес, Единбург,
Дубровник, Амстердам, Ротердам,
Битола. Живее во Амстердам.
THEO
SCHEPENS - Роден 1961 во Бест,
Холандија. Дипломирал на Академие
воор кунст ен вормегевинг’с
Хертогенбосцх и Ријксакадемие вон
бееленде кунстен, Амстердам. Излагал
во Амстердам, Ротердам, Арнхајм,
Лондон, Њу Делхи, Битола. Живее во
Амстердам.
МИРНА АРСОВСКА
- родена 1967 во Скопје. Дипломирала на
Академијата за ликовни уметности во
Скопје. Излагала во Скопје, Белград,
Манчестер, Провиденс(САД), Битола,
Токио. Живее во Скопје.
ROBERT
DUYF
- роден 1950 во Бомбај. Дипломирал
на Академие ван Беелденде Кунстен во
Ротердам. Излагал во Амстердам,
Ротердам, Њу Делхи, Битола. Живее во
Амстердам каде организирал неколку
меѓународни изложби.
ЕЛИЗАБЕТА
АВРАМОВСКА -
родена 1956 во Скопје. Дипломирала на
Академијата за ликовни уметности во
Скопје и магистрирала на
Централноевропскиот Универзитет во
Прага. Излагала во Скопје, Белград,
Токио, Прага, Минхен,Битола. Живее во
Скопје.
CHARLES
CITRON - роден 1958 во Њујорк.
Дипломирал и магистрирал на
Ријксакадемие воор Бееленде Кунстен
во Амстердам. Излагал во Амстердам,
Келн, Лоѓ, Њујорк, Тел Авив, Плази (Чешка),
Шангај, Венеција, Њу Делхи, Биалисток
(Полска), Битола, Берлин. Живее во
Амстердам.
БИЛЈАНА ПЕТРОВСКА -
ИСИЈАНИН -
родена 1965 во Битола. Дипломирала на
Филозофскиот факултет во Скопје -
историја на уметност.
Излагала во Битола, Скопје, Плази (Чешка),
Биалисток (Полска), Лондон.
Живее во Битола
каде организирала неколку
меѓународни изложби.
ЉУПЧО СПИРОВСКИ -
ИСИЈАНИН - роден
1965 во Битола. Дипломирал на Градежно-архитектонскиот
факултет во Скопје. Излагал во Битола,
Скопје, Белград, Лондон. Живее во
Битола каде организирал неколку
меѓународни изложби.
|