Промоција на првото
македонско хаику списание Мравка
На
20 октомври, во Културниот центар Точка
се промовираше првото
македонско хаику списание Мравка
со десет македонски автори -
Петко Дабески, Христо Петрески,
Александар Прокопиев, Влада
Урошевиќ, Роберт Алаѓозовски,
Димитар Аргакиев, Златко
Поповски-Игнатиев, Никола
Маџиров, Виктор Шиков и Владимир
Мартиновски |
Во првиот број, со по седум хаикуа,
претставени се десет македонски
автори - Петко Дабески, Христо
Петрески, Александар Прокопиев,
Влада Урошевиќ, Роберт Алаѓозовски,
Димитар Аргакиев, Златко Поповски-Игнатиев,
Никола Маџиров, Виктор Шиков и
Владимир Мартиновски. Виктор Шиков и
Владимир Мартиновски се појавуваат и
како автори на есеи. Во рубриката ЦИП-хаику
вклучен е текст на Гоце Смилевски, а
направени се кратки прегледи на
хаику формата пред појавата на
класикот Башо и на она што моментно
се случува на меѓународната хаику
сцена. Со дваесет хаикуа претставен е
и годинешниот добитник на Струшкиот
венец на поезијата, шведскиот поет
Томас Транстромер.
Редакцијата на списанието ја
сочинуваат Македонка Божиновска (превод),
Владимир Мартиновски, Никола Маџиров
(главен уредник), Александар
Прокопиев и Виктор Шиков. Графичкиот
дизајн е на Марјан Ѕин. Седиштето на
редакцијата е во Струмица
|