Наташа Андонова
- Цртежи
На
15.10.2003. во просториите на
културниот центар Точка се
отвори прва самостојна изложба
на Наташа Андонова со наслов Цртежи. |
биографија
- Наташа Андонова
Родена 1974 во
Скопје. Дипломирала 1999 на Факултетот
за ликовни уметности во Скопје,
сликарски оддел со насока модно
креирање, во класата на проф. Душан
Перчинков. Член е на ДЛУМ од 2002.

Поетика
на цртежот со јаглен
од
рецензијата на Маја Чанкуловска
Цртежот
како почеток... Заради техничката
едноставност уметникот обично
најпрво во цртежот ги обликува
ликовните сензации, ја студира
композицијата или деталите на делото
кое подоцна ќе го работи во некоја
друга “посложена” техника.
Вообичаено, најголемиот број цртежи
имаат значење на студија, скица или
забелешка. Но тоа не е случај со
цртежите на Наташа Андонова. Таа ги
става во втор план овие дефиниции и,
иако понекогаш ги задржува
елементите на скицирање, нејзините
цртежи се замислени како дефинитивни
ликовни остварувања.
Во оваа прва самостојна изложба на
Наташа Андонова присутна е само
фигурацијата. Користи одамна познати
мотиви: мртва природа, автопортрет,
акт и пејзаж. Цртежите се работени во
период од неколку години и се
најчесто со мали димензии, но ги има и
со изразено големи димензии. Таа го
изведува цртежот со брзи потези во
вид на скици каде се нагласени само
одредени делови на лицето или телото
- израз особено присутен во женските
актови. Во дел од "љубовните"
актови претставени се
импресионистички реминисценции и се
"посмирени", додека во други
линијата е стане возбудена и создава
динамика со нагласена еротичност. За
разлика од нив, автопортретите со
различни гримаси, каде графичката
моделација е употребена во
обликување на волуменот, асоцираат
на црно-бела фото-реалистична
појавност. Мртвите природи се
различни: ги има од строго класични
статично поставени композиции во кои
се води сметка за односот на
претставениот објект и просторот, до
крајно динамични прикази на драперии
кои како да иницираат обид да се
навлезе и во сферата на
апстракцијата. Не се одбегнати ниту
стилизацијата и допадливоста на
поетската изразност, како и
кокетирањето со академизмот.
Сите цртежи се изработени во техника
јаглен на хартија. Изборот на јаглен
заради неговиот сензибилитет, ја
враќаат Наташа Андонова на
почетоците на изучувањето на
уметничките техники, а определбата
да ги истражува повторно и повторно
можностите единствено на јагленот и
на црно-белите контрасти е на одреден
начин спротивставување на с¯
почестото запоставување на оваа
техника во современите трендови.
Маја
Чанкуловска
|