Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



МЕЃУНАРОДЕН САМИТ 
НА УМЕТНИЦИ И ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ


На 26 септември во Културниот центар Точка, а во организација на НВО Контрапункт се одржа Првиот меѓународен самит со учество на 16 уметници, теоретичари, како и активисти за човекови права и антиглобалисти од Македонија.


Иницијатори на овој Самит се членовите на Колективот 16 Beaver Group од Њујорк, а во целиот настан учествуваат интелектуалци од 16 градови од целиот свет (Њујорк, Лондон, Париз, Берлин, Љубљана итн.). Во рамките на редовната програма на Колективот 16 Беавер Гроуп, кој своето име го добил според улицата во Њујорк каде што веќе пет години редовно се одржуваат нивните проекти, досега се организирани бројни изложби, конференции, перформанси и сл.


Темата на септемврискава акција произлегува од насловот на книгата на Владимир Илич Ленин што под наслов Што да се прави била објавена во 1902 година. Сите учесници на настанот се поканети да дадат свој оригинален и контекстуализиран придонес - одговор на прашањето поставено уште од Ленин, а во облик на теориски или книжевен текст, ликовно дело, перформанс и слично. По завршувањето на настанот документацијата од презентираните материјали во различните градови ќе биде отпечатена во рамките на еден заеднички зборник.


Самитот во Скопје се одвиваше под наслов Голиот бранч во Централениот комитет за скопските маргинални прашања (ЦЦКСкМ) со очигледна алузија на близината на Културниот центар Точка до зградата на поранешниот Централен комитет на Сојузот на комунистите. Инаку вклучувањето на Скопје во рамките на агендата на оваа меѓународна манифестација е резултат на соработката меѓу Сузан Кели, ликовна авторка и теоретичарка од Ирска (главен иницијатор на Самитот и долгогодишен член на 16 Бивер груп) со ликовната теоретичарка Сузана Милевска од Скопје.
Организацијата на самиот бранч е потпомогната од Феријалниот сојуз на Македонија кој ја обезбеди закуската за самитот.

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |