|
Промоција на
списанието за млади Федер
|
На
25.09.2003. во просториите на
Културниот центар Точка
се одржа промоција на списанието
за млади Федер.
Списанието за млади Федер
го прави тим од млади луѓе. |
Името Федер
претставува синоним за отскок од
секојдневната монотонија,
цензурираната мисла и
еднообразноста на животот на младите.
Преку самото име ние тимот на
редакцијата Федер ќе се обиде да
отскокне од сите овие работи и да
даде еден нов и покреативен начин на
живот на младите, без конфликти,
предрасуди и други разлики и
паралелно со тоа да информира за
случувањата за кои се тесно поврзани
и да понуди добри забавни содржини.
|