Димитар
Младеновски - Летни импресии
На
24. 09 2003 година, во просториите на
Културниот центар Точка се
отвори изложбата на акварели на
Димитар Младеновски, насловена Летни
импресии. Димитар Младеновски е
роден 1970 година во Скопје. Дипломирал
на Факултетот за ликовни уметности
во 1997 година, во класата на професор
Родољуб Анастасов, насока сликарство,
како и рачно изработување хартија
кај професор Симон Шемов. Член е на
ДЛУМ од 2001 година. Има учествувано на
неколку самостојни и групни изложби,
како и на повеќе колонии во земјава и
во странство.
|