|
Патувачки
сликари
22.09.03 Скопје -
25.09.2003
|
Културниот
Центар Точка
беше домаќин на двајцата
холандски Патувачки
сликари и на
нивната асистентка од Босна и
Херцеговина, Маја Чворо. Не само
што логистички ги поддржавме,
туку и бевме активно вклучени во
сите проблеми што ги "снајдоа"
во оваа наша држава, со органите
на редот, параноични и гротескни. |


Патувајќи
по територијата на бивша Југославија,
авторите на проектот Rene
Klarenbek (Холандија)
и Dagmar
Drews (Германија)
своето проектно платно го изложуваат
на градските плоштади и ги
повикуваат локалните уметници,
активисти и минувачи со своите
интервенции на платното и со своите
коментари да дадат личен печат на
проектот.
Платното, на тој начин, постојано се
менува. Сликата настаната во еден
град "трае" до следниот - во
секој град се слика нова слика врз
веќе постоечката.
Користејќи ја оваа патувачка
платформа Сликарите прават
своевидна збирка на сведоштва за
животното секојдневие на
територијата на бивша Југославија.
До крајот на патувањето Патувачките
сликари ќе создадат единствена
колекција на слики и илјадници
запишани пораки.
|