Фотографии од Игор
Трпчевски
На 23.06. 2003 младиот
уметник од Прилеп, Игор Трпчевски,
одржа изложба на фотографии на која
беа претставени поголемите јавни
скулптури и споменици низ градските
плоштади на Македонија. Со тоа тој
како да сака да го претстави но и да
го проблематизира односот кон овој
важен елемент во некогашната
социјалистичка ера. Најголемиот дел
од овие објекти но и симболи сега се
во полуруинирана состојба, тотално
запоставени од државата на тој начин
недвосмислено сведочејќи за
транзиционото доба на земјата.
Изложбата траеше и во текот на летото.
|