Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Промоција на најновиот албум на Фолтин Donkey Hot

На 12. 06. 2003, четврток, во Културниот центар Точка промоција на својот најнов албум насловен како Donkey Hot, имаше една од најдобрите, најавтентичните, и најсинкретичните македонски групи - Фолтин.


Идејата за безграничноста, или приказната за "жешкото магаре" и љубовните авантури на еден Donkey Hot, се само дел од новата цоллаге продуцтион на македонскиот арт ансамбл Фолтин. Тие, бездруго, го потврдуваат својот концептуален императив - да ја раскажат приказната: this is a story of a donkey who wanted to be a horse.
Фолтин ни раска жува за јазикот. Јазикот на Фолтин е колажен. Најчесто е фонетска имитација на природните јазици, ослободен од значењето, соголен до естетската функција. Понекогаш е едноставен спонтан есперанто. Во новиот албум Donkey Hot, електронскиот звук и акустичните инструменти, а освен нив и најразличните предмети и играчки, слободно разговараат и притоа убаво се разбираат...
Групата е формирана во 1995 година. Од почетокот на 2001 е во непроменет состав: Бранислав Николов, вокал; Пеце Николовски, кларинет; Пеце Трајковски, акордион; Петар Димитровски, клавијатура; Славе Јовев, тапани и Марјан Станиќ, удиралки, како гостин.

Дискографија: 
OUTRE-MER, sjf 1997
ARCHIMED, mag 2000
DONKEY HOT, kukuzel music 2003

Освен трите албуми, Фолтин прави музика и sound design (најчесто во живо) за претстави во продукција на најдобрите македонски театарски куќи (МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА, Народен Театар - Битола 1999; MACEDOINE, ОДИСЕЈА 2001, копродукција на Драмски Театар-Скопје, Народен Театар Битола, МОТ и Охридско Лето, 2001...) како и за два нивни помали независни проекти (концерт -перформансот СЕ ЈАВИ! и кабарето COMME MOI, LE PIAF, 2001). Во 2000 година, на македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински, за претставата МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА, Фолтин ја доби наградата за најдобра музика.

Фолтин редовно учествува на сите позначајни музички и театарски фестивали во Македонија, а покрај тоа настапувала и во Словенија, Бугарија, Југославија, Хрватска, Италија, и Албанија.

Дозволете ни да се послужиме со коментарот на Горан Трајковски при анализата на нивното последно остварување: "Фолтин е необична постава која со својата музика еквилибрира на работ на поп музиката. Неблагодарно е да ги етикетираме затоа што, верувајте, нема ништо на земјината топка, слично на нивната музика. Без забуни, тие не свират музика која што доаѓа од некоја друга галаксија - туку нивниот пристап кон музичкиот материјал е својствен само за нив. Безобразното кокетирање со латино кичот, со кој што внесуваат длабина и ненаметлива иронија непостоечка за тој жанр, на албумот Donkey Hot му дава непретенциозна сериозност која, инаку, на прв поглед не се забележува" (VIP MUSIC 2003).

На промоцијата Фолтин отсвиреа неколку нумери од својот најнов албум.

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |