Зоран Поповски: Патот
на копнежот
Во
"оф-програмата" на
културниот центар Точка во
периодот 23.05-20.06.2003 беше отворена
изложбата на акрилик на хартија
на Зоран Поповски: Патот на
копнежот |
од рецензијата ...
Патот на копнежот на Зоран
Попоски
Гледајќи го формалниот ликовен јазик
на Зоран Попоски, лесно се одредуваат
релациите со одредени апстрактни
сликарски правци на модерната (на
акционото сликарство, сликарството
на гестот итн. На 40-тите, 50-тите, 60-тите).Своите
размислувања ги пренесува преку
знаковни потези што создаваат
оптички ефекти-резултати на
колоритот за којшто свесно се
определил. Инсистира на говорт на
основните бои, особено на синото.
Сепак, прво ќе го откриеме јазикот на
Џексон Полок во начинот на целосното
освојување на површината, миг кога
сликата станува комплетно
интегриран објект, кога пиктуралното
е примарно. Се забележуваат и далечни
асоцијации на Соѕвездијата на
Хуан Миро, потоа искуството на
Василиј Кандински во користењето на
една боја за позадината, често и
стилот на Сем Френсис во кој е
задржана “традиционалната” идеја
за композицијата.
Но, во апстракцијата на Попоски, која
е блиска на онаа од 90-тите (актуелна и
дефинирана како “опстанок на
апстрактното сликарство”), е токму “приказната”.
Во неа ги внесува оние емоции што
одразуваат одредени духовни,
интелектуални или сознајни моменти
што ја потврдуваат блискоста со
процесот којшто го применуваа
споменатите сликари, особено со
чинот на настанувањето на обоеното
поле. Значи, за Попоски конципирањето
на бесформната конфигурација (прифатена
како конкретен занаетски, технолошки
или медиумски процес на изработка на
делото), туку и предизвикување визии
со метафизички ориентации (особено
битни за апстрактните
експресионисти).Тој сликата ја сфаќа
како егзалтација на битието па затоа
инсистира на избегнување на
тродимензионалноста и на постоење
планови на сликата (за да ја нагласи
површноста на светот), како и на
пукнатини и на маргини-поднаслови на
дел од сликите во кои се наѕира
одредена доза контрола на емоциите, а
акцијата е протерана на “маргините”
на делото.
За крај, може да се констатира дека
нивото на читањето на сликарските
остварувања на Попоски го задоволува
“кодексот”на модернистичките, но и
на постмодернистичките појави.
Марика
Бочварова Плавевска
|