изложба-инсталација
Круг од Спасе Перовски
Низ
ликовен ракопис, Перовски
сугерира дека целиот свет е
божја реликвија, вклучувајќи го
и човекот. "Сè функционира
во една неделива целина, како што
впрочем нè учи и
православието кога зборува за
духот: без мешање и делење",
вели Перовски во прилогот кон
изложбата. |
Комплексната
уметничка инсталација Круг,
отворена на 14. 05. 03. во Културниот
центар Точка всушност е
адаптација на дипломската работа под
наслов Свет-Свет во која се
обработуваат релациите меѓу светото
и световното, меѓу духот и материјата.
На некој начин, низ ликовен ракопис,
Перовски сугерира дека целиот свет е
божја реликвија, вклучувајќи го и
човекот. "Сè функционира во
една неделива целина, како што
впрочем нè учи и православието
кога зборува за духот: без мешање и
делење", вели Перовски во прилогот
кон изложбата.
Освен за него важните термини Дух,
Материја, Свето, Световно, Перовски
во својата изложба се труди да го
вклопи и концептот на архетипското,
кој произлегува од Карл Густав Јунг.
Спасе Перовски е роден на 23.08.1971
година во Велес, завршил факултет за
ликовни уметности - Скопје во 1997
година во класата на Рубенс Корубин и
Душан Перчинков.
Самостојни изложби:
2000 година, Ликовен салон Велес - Истражување
на духот
2001 година, Дом на култура Кавадарци
|