Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Поетско читање на шестмина словенечки поети

На 7. 05. 2003, во Културниот центар Точка, се одржа претставување и поетско читање на шестмина претставници на современата словенечка поезија. Словенечкиот книжевен контекст го доловија: Бране Мозетич, Таја Кранбергер, Петер Семолич, Вера Пејович, Тоне Шкрјанец и Вида Мокрин - Пауер.


По поетското читање следуваше отворена и критична дискусија. Прашањата што беа допрени разговор со поетите се однесуваат на компаративното согледување на искуствата помеѓу македонскиот и словенечкиот книжевен и општествен контекст при што во фокус беа следните теми: поетското творештво, професионалниот статус на слободен уметник, промоцијата и преводот на националните литератури во странство, односот на државата кон творештвото, работата на културните институции, списанијата и книжевните манифестации и односот кон современите животни и општествени трендови како рејв културата, лезби/геј сцената и сл.

Организатор и иницијатор на ова претставување е нашата поетеса Лидија Димковска, која е воедно и преведувач на поезијата на споменатите автори, а која во моментов живее и работи во Словенија.

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |