Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Аџиевски/Павлески - Кино Напредок II

Проектот на Аџиевски и Павлески поднесен на конкурсот за годинешното Венецијанското биенале, е протест во однос на магловитото и затскриено "небаре-образложение" што националната комисија го даде во форма на резултат од изборот за македонски претставник на биеналето.


На 18. 04. 2003 година во Културниот центар Точка, беше презентиран заедничкиот проект на Томе Аџиевски и Станко Павлески насловен како Кино Напредок II. Овој проект претставува продолжение на нивниот проект поднесен на конкурсот за годинешното Венецијанското биенале, како и своевидна реакција, па дури би можело да се каже и протест, во однос на магловитото и затскриено "небаре-образложение" што националната комисија го даде во форма на резултат од изборот за македонски претставник на биеналето.


Делот со кој Станко Павлески се претставува е насловен како Диктаторство од посредувачот - Три бои, што упатува на потребата од преиспитување на феноменот на визуелното диктаторство, односно на потребата од релоцирање на чинителите, од уметникот и неговото дело кон теоретичарите на уметноста, кои наметнувајќи ги своите фикции во уметничките процеси вршат своевидно диктаторство врз уметничкиот текст и уметничката слобода.


Делот, пак, со кој Томе Аџиевски се претставува е насловен како Сите ние сме всушност Албанци и претставува дел од циклусот Албанците како метафора предложен за Венецијанското биенале во горе споменатиот заеднички проект со Павлески.

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |