Промоција на
книгата Култура, анимација,
менаџмент, маркетинг од Милена
Драгиќевиќ Шешиќ и Бранимир
Стојковиќ, во издание на Темплум
Промоцијата
се одржа на 28. 03. 2003 во
просториите на Културниот
центар Точка. На промоцијата
зборуваше авторката Милена
Драгиќевиќ Шешиќ (која е еден од
врвните европски експерти во
областа на културната политика,
а во моментот е ректор на
Белградскиот универзитет за
уметност). и д-р. Сањин Драгојевиќ
(Хрватска), кој е исто така
долгогодишен советник во повеќе
европски тела за културна
политика. |
Оваа книга е
драгоцен документ за сé уште
недоволно познатата област кај нас и
ќе претставува референца за можно
градење на идна стратегија за
работата во културата во Македонија.
Книгата одговара на средишните
прашања кои се однесуваат на
дефинирањето на она што е култура
воопшто, како и на деликатните
аспекти на менаџментот: Како
ефикасно да се дејствува во мошне
сложениот свет на културата? Како
успешно да се поврзат уметниците,
културните институции и нивната
публика? Како сето тоа да се направи
не само во рамките на една држава,
туку и во европското и во светското
опкружување?
Култура, анимација, менаџмент,
маркетинг е своевиден водич низ
културните институции, нивните
сложени системи, технологијата и
методите на работа, но и увид во
нивната меѓусебна соработка.
|