Жени активистки
во прекугранична акција
На
први ноември 2002 во културната
локација Точка се одржа
дебата на тема - Каде завршува
патриотизмот а каде започнува
национализмот, која се
реализира во рамките на проектот
Жени активистки во
прекугранична акција. |
Проектот Жени
активистки во прекугранична акција
е тригодишен - од 26 мај до 10 јуни се
одржа караван кој патуваше низ
бившите југословенски републики и
Албанија, а во Приштина, Сараево,
Белград и во Скопје беше отворена
излжбата на уметнички портретни
фотографии на жени активистки од
Филип Базин.
Оваа
дебата ја реализираме како дел од
овој проект, но тој во иднина ќе
опфати уште 6 дебати кои ќе бидат
спроведени на целата територија на
Македонија. Во овој политички
контекст во кој што се наоѓаме, ни се
чинеше дека е соодветно, дури и
неопходно да ја започнеме серијата
дебати токму со дефинирањето на
нештата/ термините кои толку лесно се
употребуваат.
На
дебатата ќе земат учество: Јехона
Гјургејала - учесничка на караванот
од Косово, Андреас Ернст - дописник од
Балканот за Neue
Zuriche Zaitung, Роберт Алаѓозовски -
теоретичар, Линдита Кадриу - новинар,
Славица Инџевска - заменик на
извршниот директор за здружени
програми во ФИООМ. Модератор на
дебатата ќе биде Никола Гелевски -
уредник на списанието Маргина.
Овој проект го остваруваме во
соработка со француската НВО Transeuropeennes
и со партнерите од балканскиот
регион, а е финансиран од Европската
Унија, француското Министерство за
култура и од Фондацијата Чарлс
Стјуарт Мот.
|