Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



предавање и дискусија на теми: 
Известувањето и различните ракурси
и Новинарска етика


На 15.10.2002. во просториите на културниот центар Точка се одржаа предавање и дискусија на две теми: Известувањето и различните ракурси и Новинарска етика.


Предавањата ги одржа Дин Кокс, виш предавач, Витез на Меѓународното прес здружение, кој во моментот е советник и ја води дописничката школа на интернет списанието Транситионс Он Лине, со седиште во Прага.

   

Дин Кокс, кој што има големо меѓународно искуство, и преку неговата сегашна работа (тренинг курсеви со дописниците на ТОЛ од 28-те земји на Централна и Источна Европа, Кавказ и Евроазија) има увид во состојбите со новинарството и начините на известување, се обиде да даде мозаичен поглед на овие две теми кои во македонскиот новинарски контекст и во актуелната општествена и политичка состојба се посебно значајни. Вкрстувањето на западното видување на овие аспекти на професијата со практиката на домашните новинари ќе биде драгоцено за сите учесници во дискусијата. На предавањето и дискусијата беа поканети многу новинари.

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |