перформанс In Sity
под кураторство на Наде Пешева
На
3 јули 2002, под кураторство на Нада
Пешева се одржа вечер на
перформанси именувана In Sity.
Учесници се групата ОПА, која
ја сочинуваат Денис
Сарагиновски и Слободанка
Стевчевска а кои настапуваат со
перформансот Арс селективе,
потоа Мето Ангеловски со
перформансот ОП-Дизни, Ирена
Паскали со перформансот WC и
Стојче Тоциновски со
перформансот Момент/релативитет. |
Перформансите се
одржуваа еден по друг, по одреден
редослед и со одредено времетраење,
за да може публиката да ги проследи
внимателно. Први започнаа групата ОПА,
па Стојче Тоциновски, Мето
Ангеловски и Ирена Паскали.
Фокусот на оваа идеја е фактот кој
укажува дека нашето постоење е
одредено преку трагите кои ние ги
оставаме во просторот и во времето.
Секое дејствување остава трага:
материјална, визуелна, мирисна,
звучна, психолошка, метафорична...
Процесот/чинот на создавање
уметничкото дело завршува со
неговото финално појавување пред
јавноста или тогаш кога авторот ќе
оцени дека е готово. Така, делото (слика,
скулптура, инсталација, филм) е
резултат на подолго планирано и
однапред определено дејствување. Но
што станува со оние дејствија кои за
нас се само едно секојдневие и на кои
воопшто не им посветуваме ни трошка
внимание, а честопати ги извршуваме
несвесно или како рутина која
живеењето во одредена средина ја
диктира или наметнува. Тие дејствија
стануваат ритуали кои ја креираат
реалноста давајќи и` ред и суштина.
Проектот има за цел освен уметнички
естетизираната трага да ја (ре)дефинира
и онаа која ние ја прогласуваме како
естетска во согласност со нашите
убедувања и претстави, и да обрне
внимание на нејзината пренамена од
секојдневие и рутина во авторски
став. Четирите проекта токму тоа и го
прават. Ја дефинираат трагата на
неколку начини. Поврзани се само
преку концептот/чинот на оставање на
трага/белег/остаток без ограничувања
во темата и ставовите кон проблемите
кои ги обработуваат.
Па, така, групата ОПА и Ирена
Паскали ги обработуваат
секојдневните ситуации во кои свое
учество би тебало да земе и публиката,
додека Мето Ангеловски и Давор
Тоциновски ќе настапат со однапред
испланирано дејствие кое се исполува
преку чинот на исцртување.
Перформансот е уметничка форма која
комбинира елементи од тетар, музика,
визуелните уметности и
електронските технологии. Со
појавата на дигиталните технологии
тој како да стана помалку актуелен,
па една од намерите е и обидот за
негова актуелизација и
ревитализација на уметничката сцена.
|