Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

Цртеж - 'рт-еж (Ск_Мк...нови тенденции ) групна изложба на 19 автори, Тетово, Музеј на тетовскиот крај

На 29.03. 2005 година, во просториите на Музејот на тетовскиот крај-Тетово, се отвори петтата поставка на групната изложба на цртеж, насловена Цртеж - 'рт-еж (Ск_Мк...нови тенденции).


На оваа изложба и се приклучија 19 автори од помладата генерација македонски уметници. Изложбата веќе беше поставена во Гевгелија, Струмица, Неготино и Кавадарци. Изложбата е дел од проектот “Слевање на Маргините” на НВО Контрапункт поддржан од Швајцарската културна програма - Македонија. Идејата на оваа изложба е таа да патува во неколку градови во Македонија, а во секој следен град да се пронајде и да се приклучи уште по еден автор, и така во патувајќи изложбата да се збогатува. Јадрото го сочинуваат 13 автори од Скопје: Ѓорѓе Јовановиќ, Матеј Богдановски, Бојан Тикваровски, Владимир Лукаш, Ана Андроска, Ненад Ѓоргевиќ, Христина Ивановска, Антонио Димитров, Бранко Прља, Љубиша Камењаров, Ивана Драгшиќ, Наташа Андонова и Тома Димовски. Нив им се приклучија Методи Ангелов и Ленче Андонова од Неготино, Ване Костуранов од Струмица, Миле Ничевски од Гевгелија и Бурхан Ахмети и Бејтула Заими од Гостивар. Целта е да се пронајдат и прикажат автори од другите градови низ Македонија кои се занимаваат со цртеж. Крајниот резултат ќе биде една пообемна изложба која ќе се одржи во Скопје, која воедно ќе даде приказ на работата на повеќе автори кои се изразуваат и размислуваат цртајќи.  
 



 

од рецензијата на Елена Велјановска

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |