Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

Нешто друго (сликовница), Контрапункт и Темплум, 2003, проект Слевање на маргините

Промоцијата на сликовницата Нешто Друго беше на 20. 11. 2003 година во 16. 30 часот, во рамките на НВО Саемот (Скопски саем, сала Д). Истовремено ова беше и промоција на проектот Слевање на маргините и на последниот број на списанието Маргина. Промотори беа Никола Гелевски, Искра Гешоска и Роберт Алаѓозовски.



од рецензијата:

"...Едно од прашањата што се наметнуваат како примарни при коципирањето и ризикувањето со ваквиот производ можеби клучен по наше видување за една кампања, е зошто детски јазик? Зошто слики? Зошто поедноставена нарација, наместо високумна парола?"


Сликовницата Нешто Друго, е првото издание на новата едиција на издавачката куќа Темплум и на НВО Контрапункт наречена Во пет кај вртелешките. Оваа едиција ќе биде профилирана со изданија за најмладите, сликовници од различни светски автори, кои пред сè обработуваат теми со кои ќе се развива свеста за слободното, индивидуално размислување, доживување, прифаќање и соочување со светот. Овие сликовници освен што ќе бидат наменети за најмладите, секако, можат со своите пораки и врвна графичка и ликовна опременост да бидат референтни за сите возраст и воопшто за промислувањето на многу етички димензии на индивидуалното и на колективното битие.

Сликовницата Нешто Друго е токму таков пример. Всушност, оваа сликовница е и дел од поголемата кампања што НВО Контрапункт ја води во рамките на својот проект Слевање на маргините, кој се залага за афирмација на различност, прифаќање и промоција на интегративни иницијативи. Нешто Друго е повеќе наградувано издание насекаде во светот и е преведена на многу јазици. Веруваме дека оваа сликовница со својата лиричност но и отвореност за многу деликатната тема на Другоста ќе биде еднаков предизвик за најмладите и за возрасните.

Сликовницата Нешто Друго, како и проектот Слевање на маргините се поддржани од Швајцарската програма за култура и од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија.

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |