1) JD
(ЖД): тоа е она и оној за кого овде ќе стане збор. Да не се
присилуваме да го разгледуваме однапред. Да завртиме околу
нашиот предмет. Обратно од jd е dj. Последниов, значи, е
dj
произлезен од инверзија. Но инверзијата не е само едноставен
изговор. Како код, таа овозможува еден приод кон јазикот,
таа дури и создава јазик. Идиом па дури и надидиом (секој
идиом секогаш е суперлатив). Dj-от,
диск-џокејот опкружен во
техно идиомот, рејв, семплови, плочи, скреч, винил. Неговата
инверзија, доколку не е кратенка (да останеме во музиката)
од Joy Division, барем би можела да биде кратенка, за да
остане во асонанца, на некаков jack-deal чијашто смисла ќе
продолжи да ја заматува, но чијашто филозофска употреба би
можела да прерасне во афера. Една вртоглава афера,
навистина, и веќе сме го изгубиле неговиот концепт. Но да
видиме како работат инструментите за семплување и
синететизирање на dj-от. Тој е едно звучно тело, ете барем
тоа е познато.
2) Ако се
вокализира поинаку - како шепот на некој семитски псалтирион
- jd може да даде jedi, изговорено jeudi/четврток (денот на
Јов, Диос, ден на ден, ден на небесни синила и на Божјото
место) - jedi/џедај како во Војна на ѕвездите. Се разбира
тој Џедај, особено кога се враќа - а несомнено вечното
враќање ја потврдува моќта - би можел да изгледа дека н$
доближува до тоа или до тој на кого јд би можел да му биде
знакот, сигналот, кратенката, намигнувањето со окото или
ономатопејата. Но ништо не треба да се потценува, како што
подучуваат учителите на моќта, и една помалку или повеќе
коанонска вокализација би ни го дала нечујното je dis/”јас
велам”. Јас велам, значи, но што вели тој, jd? Го слушаме
добро гласот, но кој е феноменот?
* Жан-Лук
Нанси е филозоф. Предава на Универзитетот во Стразбур.
Негови позначајни дела се: Смислата на светот (1993),
Соблечена мисла (2001), За слушање (2002). Во 1980 година
организирал научен собир посветен на делото на Дерида.
Објавил голем број студии и есеи во врска со филозофијата на
Дерида. Жак Дерида му ја посветил книгата Le Toucher,
Jean-Luc Nancy (2000).
|