Маргина

 Најнов број | Маргина во Точка | Архива... | On-line текстови... | Контакт |

Маргина 69 - избор од содржината

ЛЕТОПИС НА ЖАК ДЕРИДА
Подготвил: Мишел Лис

 

 


1930. На 15 јули во Ел Биар, близу да Алжир, се роди Жак Дерида.

1935-1941. Забавиште и основно училиште. 1940-1941: Интензивна “петенизација” на школството во Алжир, кој никогаш не беше окупиран и каде воопшто не стапнал германски војник. На 3 октомври 1940: членот 2 од Статутот за Евреите ги исклучува Евреите од образованието и правдата.

1943-1947. Враќање во гимназијата Бен Акнун. Нередовно школување: сонува да стане професионален фудбалер. Интензивно читање (Русо, Жид, Ниче, Валери, Ками).

1947-1949. Размислува да се вработи како наставник (по јазик и литература). Ги чита со воодушевување Кјеркегор и Хајдегер.

1949-1950. Прво патување во Франција. Интернатско сместување во Louis-le-Grand.

1950-1951. Соба за прислужнички на улица Лагранге.

1952-1953. Студира на Ecole Normale Supérieure. Уште првиот ден го запознава Алтисер. Прва средба со Маргарит Окутурие.

1953-1954. “Проблемот на битието во филозофијата на Хусерл”. Се спријателува со Фуко.

1056-1957. Полага државен испит. Добива стипендија како special auditor на Универзитетот Харвард. Го чита Џојс. Венчавка со Маргерит Окутурие во јуни 1957 во Бостон.

1957-1959. Служи воен рок во Алжир во екот на војната, без да носи униформа : им предава француски и англиски на младите Алжирци и Французи од Алжир. Преведува за списанија. Често го среќава Бурдие во Алжир.

1959-1960. Прво предавање и наставен ангажман во гимназијата во Манс, заедно со неговиот пријател Женет. Прво патување во Прага, во посета на семејството на Маргарит.

1960-1964. Предава (општа филозофија и логика) на Сорбона: асистент на С. Башлар, Г. Кангулем, П. Рикер, Ж. Вал. Независност на Алжир. Прво учество на конференција во Collège de Philosophie (за Фуко, во негово присуство). Први објавени текстови во Critique
и Tel Quel (го запознава Филип Солерс). 1963: Се раѓа Пјер Дерида. По покана на Хиполит и Алтисер, со звањето виш асистент предава на Ecole Normale Supérieure сè до 1984 година. Во 1964 година ја добива наградата Cavaillès (награда за епистемологија, за преводот и воведот на Почетокот на геометријата од Хусерл).

1966. Доживува голем успех на Симпозиумот во Балтимор (на Универзитетот Џон Хопкинс), стекнувајќи голема слава - со што го одбележува почетокот на спектакуларниот прием на некои француски теоретичари во САД. Таму ги среќава П. де Ман, Ж. Лакан, Р. Барт, Хиполит, Вернан, Голдман.

1967. Ги објавува првите три книги: L’Ecriture et la différence, La Voix et le phénomène, De la grammatologie. Во странство - сè поголемо гостопримство, во Франција - решителен отпор (портите на Универзитетот се дефинитивно затворени). Се раѓа Жан Дерида.

1968. Чести средби со Морис Бланшо. Серија семинари на Берлинскиот Универзитет (по покана на Петер Сонди). Сè повеќе патува. Почнува да предава на Универзитетот Џон Хопкинс (Балтимор), каде ќе предава и во 1971, 1974 и од 1996 до 1999 година.

1971. Прво враќање во Алжир по 1962 година.

1972. Научен собир за Ниче (со Делез, Клосовски, Кофман, Лаку-Лабарт, Лиотар, Нанси и др.). Посветени му се специјални броеви на Lettres français и Monde. Целосно ја прекинува соработката со Солерс и Tel Quel.

1974. Заедно со С. Кофман, Ф. Лаку-Лабарт и Ж. Л. Нанси ја востановува едицијата “La Philosophie en effet” во штотуку отворената Издавачка куќа “Galilée” на Мишел Делорм.

1975. Ја основа Грепх (Група за истражувања во филозофското образование) со неговите пријатели, колеги и студенти. Средби во Адами и во Титус-Кармел. Учествува на Собирот за Понж кого го има запознаено кај неговите пријатели Ив и Пол Тевенин во 1965. Почнува да предава на Универзитетот Јејл (Њу Хевн), како визитинг професор по хуманитарни науки, а тоа го прави или наесен или напролет сé до 1986. Почеток на она што, помалку претенциозно, се нарекуваше Јејлска Школа (Х. Блум, П. де Ман, Ж. Дерида, Г. Хартман, Џ. Х. Милер).

1980. Одбрана на државен докторат на Сорбона. Дискусија за “Краевите на човекот”, во организација на Лаку-Лабарт и Нанси. Универзитетот Колумбија (Њујорк) му ја доделува првата од 21 титули Doctor Honoris Causa , меѓу другите: Лувен (1989), Кембриџ (1992), Вестрн Кејп (Јужна Африка) (1998), Пекинг и Нанкин (2001), Ерусалим и Коимбра (2003).

1981. Со Ж.-П. Вернан и неколку пријатели, ја оснива Асоцијацијата Јан-Хус (за помош на чешките прогонети интелектуалци и десиденти). Во Прага е уапсен заради илегално одржан семинар. Прогонет е од Чехословачка, по енергичната интервенција на Франсоа Митеран и на француската влада.

1982. Со Паскал Огие игра во филмот Ghost Dance на Кен МекМулен. Предава на Универзитетот Корнел до 1988.

1983. Основање на Collége international de philosophie, каде е избран за прв директор. Учествува во организацијата на изложбата “Уметноста против Апартхејдот”, во иницијативата за создавање на Фондација за култура против апартхејдот и во Комитетот на писатели за Нелсон Мендела.

1984. Станува Директор на студиите во Ecole Des Hautes Etudes en Sciences Socieles: секоја година таму држи по еден семинар.

1985. Го запознава Борхес.

1986. Соработка со американскиот архитект Питер Ејсенман во проектот за паркот во Вилет, во кој ќе се одржат бројни средби и промоции од доменот на истражувањата во архитектурата. Предава во Њујорк (CUNY) до 1991, а од 1992 на Универзитетот Њујорк.

1987. “Игра” во делото Disturbance на видео-артистот Гари Хил. Предава на Универзитетот во Калифорнија (Ирвајн).

1988. Трето патување во Ерусалим. Се среќава со палестински интелектуалци на окупираните територии. Награда Фридрих Ниче.

1989. Воведна реч на научниот собир Деконструкцијата и можноста за Правда, организиран во Школата за правни науки Кардусо во Њујорк.

1990. Семинари на Академијата на Науките и Уметностите на СССР и на Универзитетот во Москва.

1991. Членство во Комитетот на Асоцијата Декарт.

1992. Коњаник на Легијата на Честа. Награда Игнацио Силоне.

1994. Именуван е за Потпретседател на Интернационалниот Парламент на Писателите ; Член на Научниот Совет на Интернационалниот Филозовски Колеџ до 2000.

1995. На капри , Семинар за религијата со Ватимо, Гадамер, Ферарис...; голем Меѓународен научен собир на католичкиот Универзитет Louvain-la-Neuve, во организација на Мишел Лис.

1997. Дискусија “Автобиографското животно”, во организација на Мари-Луиз Мале.

1998. Патување во Јужна Африка; средба со Мендела.

2001. Патување во Кина; Награда Адорно.

2002. Член во Научниот совет на Катедрата за филозофија во Ecole normale supérieure во Париз; дискусија “Демократијата на иднината”, во организација на Мари-Луиз Мале.

2003. 20 февруари. Починува Морис Бланшо. Пригодна реч “На Морис Бланшо”. Март: “Морис Бланшо е мртов”, конференција на Меѓународниот научен собир посветен на Морис Бланшо. Доктор honoris causa на Универзитетот во Коимбра (Португалија).

08. 11. 2004 Умира во Париз после подолго боледување од рак.

 
назад кон содржината
 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |