Има нешто
импресивно во тоа да бидеш врсник на Дерида. Оние што
доаѓаат потоа, следните генерации, а има повеќе од една,
можат во одредена смисла да примаат и да враќаат - давајќи
им на другите. Но ние, неговите современици? Би можел да го
поткрепам односот со него преку многу приказни; со “мали
прикаски”. Поинаку кажано, ние многу добивме од него.
Прашањето е значи: можеме ли да му дадеме нешто? Е, тоа не е
сигурно: можеби тоа ќе се случи кога нема да мислиме на тоа.
Но кога на тоа мислиме? Требаше да напишам нешто за Жак
Дерида; да направам нешто за него... Но што, се замислувам
ли дека сум некој мислител? Некој што може да додаде нешто?
Оти тој сè надвишува. Премногу е негова мерка. На пример,
премногу долго. Кога ќе се најавеше “учество” на Жак Дерида,
насмевката на пријателите алудираше: “Колку ли време ќе
говори? Тоа никогаш не се знае. Кога ќе кажеше дека ќе биде
кус, подобро беше да му одвоите едно два-три часа...”
* Мишел
Деги е поет и теоретичар. Од 1969 до 1999 година предавал на
Универзитетот Париз 8. Објавил триесетина книги и огромен
број есеи.
|