Градовите во Македонија
Проектот Градовите во
Македонија е дел од поголемиот тригодишен проект под име
Слевање на маргините. Досега се излезени пет публикации од
вкупните дванаесет. Освен подоброто меѓусебно запознавање на чудно
оддалечените (па и во информациска смисла) градови во нашата држава,
цел ни е да поттикнеме создавање мали творечки тимови кои (ќе) ги
реализираат публикациите кои одат под заедничко име: Градовите во
Македонија.
Секој од тие 12 тимови има речиси потполна уредничка слобода да го
претстави сопствениот град во најсоодветното светло (мрачно, светло,
низ полутонови, низ сенки, низ луѓе, низ објекти, низ историја,
географија, економија, фотографија, уметност, проза и поезија...).
Желбата е и да се поттикне и културната продукција на локално ниво,
размената меѓу градовите и соработката меѓу различни инсти-туции.
државни и невладини. како и креативни уметнички групи и поединци.
|