Патот на копнежот
Сликарство на акција, енергија, страст (By passion the world is
bound, by passion too it is released - стои во прастариот индиски
текст). Сликата како егзалтација на битието (директна, непосредна,
како лирска песна - обид да се фати мигот).
Површен свет
Напуштајќи ја химерата на тродимензионалноста, сликите се без
длабочина, како што и современиот живот е без длабочина. Длабочините
на модерниот свет и неговите подземни коридори - потрагата по смисла -
во современоста станаа површни.
Не постојат хиерархии, не постојат планови на сликата. Таа попрво
ризоматски се шири по платното/хартијата, најчесто врз монохроматска
позадина.
Пукнатини и маргини
Создавање на контраст преку подрачја на бела боја. Белините
како пукнатини помеѓу облаците од боја (“Писмо”), кои ги засилуваат
боите. Проткајување на сликата со воздух, но и напукнувања, прекини.
Од The Day We First Met и Waters of March, каде белините се присутни
во мрежата на бои, до триптихот каде се чини го апсорбирале поголемиот
дел од сликата. Во овие три слики (“Бранови”, “Свила”, “Писмо”),
изработени на почетокот на годинава, центарот е празен, како поле на
чист потенцијал.
Сини копнежи
“Секоја ѕвезда на моите слики е еден копнеж”, вели Ван Гог.
Кај мене тоа се сините точки кои се појавуваат во повеќе слики.
Пулсирачки копнежи од кобалтно сина.
Рецензии:
- Никола Гелевски,
“Маргина”
- Марика Бочварова Плавевска, Музеј на современа уметност - Скопје
- Гордана Ицевска, “Капитал”
- Марко Петрушевски
|