11 ноември 1963 — 11 ноември 2026 · 63 години „Вечер“
ВЕЧЕР

Буквите од 1963.
Приказните продолжуваат.

По повод 63-годишнината од првиот број на „Вечер“, Арно.мк ја претставува реконструкцијата на неговите насловни букви. За нови наслови, плакати и приказни.

Првата страница на Вечер, број 1, понеделник, 11 ноември 1963 „Вечер“ · број 1 · 11 ноември 1963
1963 / 2026 · Од архивата на Арно.мк

Градот се обновува.
Неговите букви повторно живеат.

На 11 ноември 1963 година излегува првиот број на „Вечер“. Скопје сè уште ги живее последиците од земјотресот, а страниците на новиот весник ги бележат обновата, секојдневието, културата и спортот.

На Арно.мк го читавме тој број како сведоштво за раѓањето на новото Скопје. Потоа се задржавме на самите букви — тесните, силни форми што ги носат неговите наслови.

Оваа реконструкција е продолжение на тоа архивско истражување. Со неа, дел од визуелната меморија на весникот добива нова употреба.

Прочитај ја приказната за првиот број ↗

Од првиот број до новиот фонт

11 ноември 1963 · страници 1 и 8
Оригинален исечок · страница 1
Оригиналниот наслов Драги читатели од првата страница
Vecer 1963 Naslovi
ДРАГИ
ЧИТАТЕЛИ
Оригинален исечок · страница 8
Оригиналниот наслов Скоро сите темели завршени од осмата страница
Vecer 1963 Naslovi
СКОРО СИТЕ ТЕМЕЛИ ЗАВРШЕНИ

Наслов за обновата на градот, пренесен од весникот во новиот фонт.

Архивски исечоци од првиот број на „Вечер“, објавени во текстот на Арно.мк. Погледни ги и споредбите со преклопување ↓

Vecer 1963 Rekonstrukcija

Покомпактен ритам

ГРАДОТ ПАМЕТИ
Преземи TTF

Vecer 1963 Naslovi

Повеќе простор за наслови

ГРАДОТ ПАМЕТИ
Преземи TTF

Твојот текст, во Вечер

Две верзии · иста големина

VECER 1963 REKONSTRUKCIJA
VECER 1963 NASLOVI

Фонтовите содржат македонска кирилица со Ѐ/Ѝ, латиница A–Z со Č, Ć, Š, Ž, Đ, бројки и интерпункциски знаци. Малите букви се прикажуваат како големи.

Азбука

33 букви · кликни за да додадеш буква

Латиница

A–Z · Č Ć Š Ž Đ

Авторска доработка според формите на кириличната реконструкција. Малите латинични букви се прикажуваат како големи.

Бројки и знаци

0–9 · интерпункција · симболи

Од страниците на весникот

Оригинал / Vecer 1963 Naslovi

Избор од наслови од 1963 година, споредени со иста висина на буквите.

Се вчитуваат примероците.

Спореди ги сите знаци со зум и црвено преклопување ↗

Колку се разликуваат двата фонта?

Rekonstrukcija +10 / Naslovi +20

Двете верзии ги имаат истите облици на буквите, бројките и интерпункцијата. Подготвени се со различно растојание меѓу знаците, за да понудат два начина на употреба на истиот фонт.

Vecer 1963 Rekonstrukcija (+10) има поумерено растојание, поблиску до вообичаениот типографски ритам. Таа е почетен избор за општа употреба — за современи наслови, плакати и други кратки исписи во кои е потребен покомпактен збор.

Vecer 1963 Naslovi (+20) има малку поотворено растојание, кое подобро одговара на насловите во оригиналните примероци на „Вечер“ од 1963 година. Таа е наменета за исписи во кои сакаме да го доближиме и ритамот на весничкиот наслов, покрај самите облици на буквите.

Разликата е намерно суптилна: во примерите подолу Naslovi дава околу 4% поширок ред. На големина од 48 px разликата изнесува 0,48 px по знак. Изборот зависи од текстот, големината и композицијата; двете верзии се наменети првенствено за наслови и кратки исписи.

Горе се прикажани истите текстови со иста големина и ист почеток. Долу се преклопени: сино е Rekonstrukcija, а портокалово е Naslovi.

Споредба на растојанието кај Vecer 1963 Rekonstrukcija и Naslovi, со примери и преклопување.

Преземи ги фонтовите

За компјутер и веб

Vecer 1963

Rekonstrukcija и Naslovi · TTF · вклучени во ZIP-пакетот

ЗБОРОВИТЕ
ОСТАНУВААТ
Type Specimen

Запознај го карактерот

Азбука, наслови во различни големини, споредба на двете верзии и примери од весникот.

Преземи PDF

Од архивата, за нови приказни

Овој фонт е реконструкција според примероци од весникот „Вечер“ од 1963 година. Неговите тесни пропорции и силни форми се наменети за наслови, плакати и кратки пораки.

Две верзии за различен ритам

Rekonstrukcija нуди покомпактен распоред. Naslovi остава повеќе простор меѓу буквите. Двете верзии ја содржат целата македонска азбука со Ѐ/Ѝ; вклучени се и бројки и интерпункциски знаци. Вклучена е и авторска латиница A–Z со Č, Ć, Š, Ž и Đ.