Следните места се појавуваат во лични сеќавања,
дискусии или поединечни извори, но засега не се
вклучени на мапата. Недостигаат доволно податоци
за нивната локација, периодот на работа, музичката
програма или поврзаноста со алтернативната сцена.
-
Вега
Рок-клуб документиран од 2004 година. Засега нема потврда дека работел во 1990-тите, поради што не е вклучен во мапата.
Потребно: имиња на групи,
датуми, плакати или дополнителни извори.
-
Пиколо
Според неколку сеќавања, „Пиколо“ било минијатурно панкерско
кафуле на тогашната „Ленинова“, кон кривината за стадионот,
приближно спроти Министерството за земјоделство. Во просторот,
кој наликувал на пренаменета гаража, имало само две-три масички,
а посетителите можеле да носат сопствени касети и да бараат музика.
Потребно: точна адреса, години на работа,
име на сопственикот, фотографија или оглас и проверка на
можната врска со подоцнежното кафуле „Лајка“.
-
Legend Pub / Jazz Inn Skopje
Музички паб на ул. „Борка Талевски“ бр. 55, поврзан со
„Jazz Inn Skopje“. Локалот наведува „Since 2000“, но не е
пронајдена потврда дека работел во 1990-тите.
Потребно: доказ за годината на отворање,
првичното име и евентуална активност пред 2000 година.
-
Сити паб
Скопско место од деведесеттите, запаметено заедно со „Чех“
по свирките во живо, добрите бендови и поинаквата музичка
понуда. Сепак, точната локација, периодот на работа и
изведувачите не се утврдени.
Потребно: адреса, имиња на бендови,
концертни датуми, плакати, фотографии или непосредни
сведоштва од музичари, организатори и посетители.
-
Чех / CEH Pub
Паб со свирки и бендови, кој во еден ретроспективен текст
е вброен меѓу позначајните скопски места од деведесеттите.
Сепак, најпрецизната пронајдена трага го датира неговото
работење во периодот 2001–2003, додека други документирани
свирки се од уште подоцнежен период. Не е потврдено дека
локалот работел пред 2000 година.
Потребно: доказ за работење пред 2000 година,
точна адреса, имиња на тогашни бендови, концертни датуми,
плакати, фотографии или сведоштво од организатор.
Имате фотографија, плакат, адреса, датум или лично
сведоштво? Информацијата може да помогне некое од
овие или други места да биде вклучено во идно издание на мапата.