Амбасадата на Соединетите
Американски Држави во Скопје во соработка со Културниот центар Точка
организира средба со американските поети Крег Чури и Кери Шон Кис.
Средбата ќе се одржи во кафе-книжарницата Магор, во понеделник, 23
октомври, со почеток во 19.30. На средбата поетите ќе се претстават
со дел од своето творештво, по што ќе следи кус разговор за нивното
творештво. |
Крег Чури 15 години има поминато автостопирајќи низ Северна
Америка, работејќи во складови, фабрики, на изградба на објекти, во
ресторани и како организатор на поетски чиатања. Автор е на 16 збирки
поезија и уредник на две антологии. Предавал поезија во училишта,
центри за згрижување бездомници, затвори и ментални институции низ
целиот свет. Неговите песни се преведени на арапски, шпански, руски,
литвански, португалски, кинески, албански, италијански и македонски
јазик.
Кери Шон Кис е американски поет од Пенсилванија. Сега живее во
Вилнус, Литванија, каде како Фулбрајтов предавач на Универзитетот во
Вилнус, предавал теорија на превод. Моментално работи како слободен
поет, уредник и преведувач. Преведува од португалски, чешки и
литвански јазик. Неговите дела имаат широк распон, од дела за
танцов-театар, преку фламенго песни до медитации за Тао Те Кинг. Во
поезијата често се занимава со онтолошки преокупации. Од неодамна
почнува да се интересира за куса проза. Познат е по своите поетски
перформанси, во кои често настапува со фри џез перкусионистот Владимир
Тарасов. |