Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

"Депресијата на новогодишната ноќ",
перформанс на Ѓорѓе Јовановиќ и Летечките пекинезери во Рамстор

На 30.12.2005 во Рамстор ќе се одржи перформанс на Ѓорѓе Јовановиќ и Летечките пекинезери, наречен: "Депресијата на новогодишната ноќ".



Ве известуваме дека во петок 30.12. во 21.00 часот, во трговскиот центар Рамстор (1 кат) ќе се одржи мултимедијалниот перформанс “ДЕПРЕСИЈАТА НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ” на ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ и музичкиот состав ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ.

Мултимедијалнот перформанс се состои од слики-објекти, видео, музика и настап во живо на Јованови
ќ и ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ. Перформансот кој се случува 24 часа пред новогодишната ноќ критички предупредува на губењето на смислата на прославувањето… Што славиме, како славиме?

Гјорѓе Јовановик е роден 1980 г. во Скопје. Дипломирал 2003 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Рубенс Корубин. По двете самостојни изложби во февруари 2005, Скопје октомври 2005, Штип, работилницата Спике уп, Хелсинки, Финска и учетвото во проектот Реал пресенце, 51 Венециско биенале, годината ја заокружува со пеформансот “ДЕПРЕСИЈАТА НА НОВОГОДИ
ШНАТА НОЌ”.

ЛЕТЕ
ЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ се: Бојан Петков (1985) - гитара, Иво Солдатовиќ (1984) - кларинет, Кирил Туфекчиевски (1983) - контрабас и Милан Димушевски (1987) - тапани. Оформени пред помалку од три месеца, пекинезерите свиреа во повеќе клубови во Скопје, Велес, учествуваа на музичкиот фестивал Таксират, а Петков и Солдатовиќ се дел од музичарите кои ја изведуваат музиката во претставата Купидона во режија на Срѓан Јанакиевиќ. Покрај главната музичка тема, која за оваа прилика ја напиша Милан Димушевски, тие на овој перформанс ќе ја изведуваат и темата Black and Ten Fantasy на Дјук Елингтон.



дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |